Во случај на повреда на човековите права, загриженост во однос на животната средина, опасност по здравјето и безбедноста, или друга основа за загриженост, неопходно е да се делува брзо и доверливо. Доколку сте лично засегнати или пак сте забележале прекршување на правилата, ние ви овозможуваме на лесен начин да поднесете поплака. Ви гарантираме дека секоја поплака ќе биде истражена и третирана со анонимност и доверливост.
Што ни треба од вас?
1. Име (ако не сакате да наведете име, може да ја поднесете и анонимно; меѓутоа, со тоа може да се усложни и пролонгира обработката на поплаката)
2. Податоци за контакт, како на пр. телефонски број, адреса на е-пошта или поштенска адреса
3. Земја и град каде се наоѓате, а доколку е соодветно, и производствен погон или друг податок кој овозможува јасно идентификување на локацијата
4. Детален опис, вклучително датум или временски период на известувањето поврзано со човекови права, животна средина, здравје или безбедност. Доколку имате, слободно може да доставите докази како поткрепа.
5. Информација за тоа дали подносителот на поплаката или другите засегнати страни мора да останат анонимни и заштитени.
Испратете ја вашата поплака во писмена форма овде.
Како се обработува поплаката?
1. По примањето на пораката, ние го потврдуваме приемот на поплаката во рок од 24 часа.
2. Службеникот за човекови права во DEICHMANN ја утврдува причината за поплаката и проверува дали таа е прифатлива. Ако поплаката е прифатлива, се спроведува детална истрага, a подносителот на поплаката се информира за очекуваниот период на обработка.
3. Доколку е неопходна подлабинска истрага, DEICHMANN ќе спроведе сопствен инспекциски надзор на терен или ќе ангажира давател на такви услуги. Трошоците за таквите инспекциски надзори ги покрива DEICHMANN.
4. Следствено на тоа, поплаката може да се реши со заемен договор меѓу страните. Ако не е возможен договор, DEICHMANN го задржува правото да одлучува за исходот од поплаката откако детално ќе ги согледа сите аспекти.
5. Во случај постапувањето на Групацијата DEICHMANN да ја предизвикало поплаката или да придонело за нејзино настанување, ние ќе покренеме постапки за отклонување на причините или за ублажување на последиците од нив, како и спречување на нивно повторно појавување, доколку е тоа возможно.